Освојувачот на бронзениот медал од последниот Мундијал, Словенија на гостувањето во Унгарија успеа да слави со 26:22, но тоа беше пирова победа со оглед на фактот дека во првиот меч пред своите навивачи беа поразени со пет гола и следната година нема да имаат шанса да го бранат третото место.

Швеѓаните успеаа да ја надополнат негативата од еден гол во соочувањето со Холандија и по победата на домашен терен од 26:20 обезбедија настап на првенството. Австрија ја совлада Белорусија со 31:26 и по нерешениот резултат во првиот дуел стигна до ново учество на Мундијалите додека Исланд во реваншот долго го кршеше отпорот на Литванија, но на крајот славеше со  34:31.

Денеска ќе бидат познати и последните учесници на шампионатот од Стариот континент. Србија и гостува на Португалија и брани предност од седум гола додека Хрватска и гостува на Црна Гора по домашниот триумф од 32:19. Претходно преку баражите пласман на Светското првенство обезбедија Русија и Норвешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Познат и десеттиот учесник во СЕХА: Лигата доби екипа од Романија!

Извршниот одбор на СЕХА Газпром лигата го реши прашањето за десеттиот учесник на регионалн…