Дома Фудбал Скоро 1000. тестирања во Премиер лигата, два позитивни теста

Скоро 1000. тестирања во Премиер лигата, два позитивни теста

Англиската Премиер лига објави дека после втората рунда на тестирања позитивни на Ковид -19 се две лица, од вкупно 996 тестирани.

Тестирањата на играчите и членовите на сите 20 премиерлигаши беа направени во четврток 21. мај и петок 22. мај.

Да потсетиме, после тестирањата на 17. и 18. мај имаше шест позитивни тестови од вкупно 748 тестови.

Како што практикува, Премиер лигата не сакаше да ги открие заразените лица.

Секој клуб од Премиер лигата во текот на неделата добива 100 тестови. Од вторникот на клубовите им е дозволено да тренираат во мали групи, а целта е сезоната да продолжи на 12. јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барела го брани Киву по дерби-поразот: Не е до формацијата, ние потфрливме

По поразот од Милан со 3-1, Николо Барела ја посочи одговорноста кај играчите и објасни зо…