Дома Фудбал Сколс: Тоа што го прави Де Геа е криминал!

Сколс: Тоа што го прави Де Геа е криминал!

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс упати жестоки критики кон Давид де Геа.

Манчестер Јунајтед синоќа беше поразен од Лајпциг со 3:2 и така елиминиран од Лигата на шампиони во групната фаза.

Сколс како „криминален“, го оцени настапот на шпанскиот голман. Смета дека требало подобро да реагира, особено кај третиот гол, што го постигна Џастин Клајверт.

„Тој тоа намерно го прави. Се плаши да не се повреди. Кога си голман, мораш да бидеш голем фудбалер, мораш секогаш да бидеш пример за другите. Тој е се помал и помал. Како искусен голман не смее да си дозволи вакви работи. Ова што го прави е криминал“, изјави Сколс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го торпедираше Алавес со 6-1: Рафиња и Јамал со по два гола!

Барселона постигна четири гола до паузата, а потоа ја заокружи убедливата победа над Алаве…