Дома Фудбал „Скај“ тврди: Ливерпул веќе има договор со наследникот на Клоп!

„Скај“ тврди: Ливерпул веќе има договор со наследникот на Клоп!

Германскиот стратег, Јирген Клоп ја изненади јавноста кога објави дека ќе си замине на крајот од сезоната. Од тој момент Ливерпул е во потрага по нов стратег, се повезуваа неколку имиња, но изгледа на крајот на „Енфилд“ ќе пристигне Рубен Аморим.

Актуелниот тренинг на Спортинг и Ливерпул наводно веќе постигнале усмен договор и тој би требало да потпише тригодишен договор.

Аморим неодамна даде изјава во која порача дека не може да гарантира дека следната сезона ќе биде во Спротинг, додека Ливерпул засега не се огласува на оваа тема.

Но, утрово „Скај“ објави дека двете страни имаат скоро се договорено и останува уште да се договорат некои ситни детали за се да биде официјализирано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…