Ракометната репрезентација на Србија доживеа вчера втор пораз на ЕП од Шведска и така шансите за пласман ги сведе на минимум.
Во селекцијата на Србија владее тензична атмосфера, а се кулминураше синоќа кога физички се судрија селекторот Јовица Цветковиќ и претседателот на федерацијата, Драган Шкрбиќ. Според пишувањата на тамошните медиуми, најпрво имало вербален судир, а потоа и физички.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шкрбиќ по мечот дошол во хотелот во кој биле играчите и селекторот на Србија и почнал да го провоцира Цветковиќ. Селекторот на Србија се обидел да го игнорира сето тоа, но не можел да се воздржи па на крајот го удрил Шкрбиќ.
На цела среќа реагирале ракометарите на Србија, па не дошло до поголем инцидент.