Дома Фудбал Италија Скандал: Претседателот на Интер го нарече „кловн“ првиот човек на Серија А

Скандал: Претседателот на Интер го нарече „кловн“ првиот човек на Серија А

Најновата промена во календарот во Серија А и одлуката дербито помеѓу Јувентус и Интер да се игра на 9-ти март го налути претседателот на „нероаѕурите“ Стивен Жанг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кинескиот милијардер остро го нападна и го напреди првиот човек на Серија А, Паоло дал Пино и отвори голема полемика во италијанската јавност.

„Ти си најголемиот кловн кој сум го видел. Си играш со календарот и го оставаш здравјето на луѓето во втор план. 24 часа? 48 часа? Седум дена? Кој е твојот следен чекор? Ти ли ќе ми зборуваш за фер-плеј игра? Да, тебе ти зборувам Дал Пино. Како не ти е срам. Време е да си понесеш одговорност“, остар беше претседателот на Интер.

Интер на 5-ти ќе игра реванш против Наполи во Купот, а на 9-ти ќе го игра дербито против Јувентус. Четири дена подоцна ќе се сретне против Гетафе во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…