Дома Останати Кошарка Скандал: Партизан во еден момент против Реал играше со шест играчи! 🎥

Скандал: Партизан во еден момент против Реал играше со шест играчи! 🎥

Партизан вчера загуби од Реал Мадрид и „краелвите“ успеаа да изедначат на 2:2 во серија, а сега одново ќе играат во Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа по овој натпревар се појави момент кој судиите и делегатот за време на средбата не го забележа. Во последниот напад од втората четвртина кога Анѓушиќ за малку задоцни да постигне три поени Партизан имаше шест играчи на паркетот.

На теренот тогаш влезе Ексум, а никој не излезе, но судиите не забележаа. Навистина голем пропуст кој не смее да се случува на нависоко ниво. Од Реал веројатно нема да има поголеми реакции бидејќи нивниот тим го доби натпреварот, а сигурно ќе беше поинаку ако шпанскиот гигант беше поразен во Белград што ќе значеше елиминација за нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Димитријевиќ повеќе не е дел од Зенит – клубот ја прекина соработката!

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повеќе не е дел од Зенит, откако рускиот к…