Дома Фудбал Скандал во Шпанија: Судијата му признал на Милитао дека требало да го исклучи Винисиус🎥

Скандал во Шпанија: Судијата му признал на Милитао дека требало да го исклучи Винисиус🎥

Барселона синоќа го победи Реал Мадрид на „Сантиаго Бернабеу“, но Каталонците не се задоволни од судењето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона обвинува за скандал поврзан со судијата, кој на Милитао му призна дека му прогледал низ прсти на Винисиус и требало да му додели црвен картон.

Во 24-та минута Винисиус имаше дуел на средината на теренот со Френки де Јонг. Бразилецот го фати за врат и го собори на земја.

Судијата Монтеро му додели жолт картон, па следуваа жестоки протести, а со судијата разговараше и Едер Милитао.

На видеоснимка се гледа како арбитерот му објаснува на играчот на Реал: „Едер слушај ме. Црвен беше, во ред? Црвен картон е тоа, го фати за врат и го фрли на земја“.

Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а навивачите на Барселона обвинуваат дека Реал е фаворизиран од судиите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалците донесоа важна одлука за време на Мундијалот поради Кристијано Роналдо

Репрезентацијата на Португалија ќе има една од најквалитетните и најбезбедните бази за тре…