Дома Фудбал Останато Скандал во Кина: Тројца репрезентативци добија доживотна суспензија

Скандал во Кина: Тројца репрезентативци добија доживотна суспензија

Кинескиот фудбал го тресе невиден скандал. Дури 43 лица се доживотно суспендирани поради местење натпревари.

 Меѓу суспендираните има и тројца репрезентативци на Кина, како и јужнокореанскиот репрезентативец Сон Јун-Хо.

Под лупа биле дури 128 луѓе кои биле вмешани во аферата со обложување, соопштија од Министерството за јавна сигурност. По двегодишна истрага, 43-ца луѓе добија доживотна суспензија.

Пекинг со години ја интензивира борбата против корупцијата во спортот, особено во фудбалот. Ова претходно резултираше со апсење на поранешниот претседател и потпретседател на Фудбалската федерација на Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сериозни проблеми за Тухел – трио фудбалери му откажа!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија Томас Тухел ќе мора да го смени изглед…