Дома Фудбал Италија Скандал во Италија поради СП: Дербито на Торино се емитуваше без коментатор!

Скандал во Италија поради СП: Дербито на Торино се емитуваше без коментатор!

Италијанската ТВ станица „RAI Sport“ градското дерби помеѓу Јувентус и Торино го емитуваа без коментатор.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Телевизијата ваквиот потег го направи во знак протест што за прв пат во историјата нема да ги пренесува натпреварите за Светското првенство.

Правата за 64 натпревари на Светското првенство ги доби „Медијасет“, а за истите плати 93 милиони долари. Иначе, тоа е најголемата комерцијална телевизија во Италија која е во сопственст на поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони.

„Сметаме дека е неприфатливо спортот да биде достапен само за оние кои ќе можат да платат и да си го дозволат. Сакаме спортот да биде достапен за секого. Се извинуваме поради непријатностите, меѓутоа ова е неопходен потег. Граѓаните имаат право бесплатно да го гледаат најголемиот спортски настан“, порачаа новинарите на оваа телевизија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…