Дома Фудбал Скандал во Арабија. Галата и Фенер одбија да играат поради бизарен потег на Саудијците

Скандал во Арабија. Галата и Фенер одбија да играат поради бизарен потег на Саудијците

Галатасарај и Фенербахче во петокот вечерта требаше да го одиграат турскиот Суперкуп натпревар во Ријад, но тој беше откажан по скандалот што го предизвикаа претставници на саудиските власти.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ќе се игра на друго место во различно време и најверојатно во Турција.

Натпреварот требаше да се одигра на 100-годишнината од основањето на модерната турска држава, која најголемите турски клубови сакаа да ја одбележат.

Галатасарај требаше да игра во дресови на кои беше испечатен познатиот цитат на таткото на современата турска држава Мустафа Кемал Ататурк „Мир дома, мир во светот“.

Фудбалерите на Фенербахче сакаа да излезат на теренот облечени во дресови со ликот на Ататурк, но саудиските власти го забранија сето тоа.

Според некои турски медиуми, тие не дозволиле ниту пеење на турската химна. Кога го слушнале тоа, фудбалерите на Галатасарај и Фенербахче одбиле да го напуштат хотелот и да заминат на стадион.

Извесен период се водеа преговори со домаќините на натпреварот, но откако не беше постигнат договор, двата клуба се упатија кон Истанбул.

Турција и Саудиска Арабија имаат проблематична историја на дипломатски односи. Тие варираат од отворено пријателство до отворени закани, а во последните години врската е главно нестабилна со многу несогласувања.

Ниту турските, ниту меѓународните медиуми не објаснија зошто токму Саудијците пред натпреварот забранија се што е поврзано со Ататурк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија по ремито со БиХ и поразот од Турција падна на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од две позиции на најновото рангирањ…