Дома Фудбал Останато Скандалот во Париз добива нови размери: Организатор на нападот на фудбалерката на ПСЖ бил Ерик Абидал!

Скандалот во Париз добива нови размери: Организатор на нападот на фудбалерката на ПСЖ бил Ерик Абидал!

Поранешниот играч на Барселона, Ерик Абидал се најде во центарот на скандалот откако е обвинет дека тој го организирал нападот на фудбалерката на ПСЖ, Кеира Хамрауи.

Неверојатен скандал овие денови ја тресе француската јавноста откако беше претепана фудбалерката на ПСЖ, Кеира Хамрауи, а за се е обвинета нејзината соиграчка Амината Диало.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Француските медиуми пред неколку дена објавија дека Диало е обвинета дека платила на маскирани лица да ја пресретнат Хамрауи и да ја претепаат за таа да добие место во стартниот тим.

Нападот се случил на 4. ноември и Хамрауи се здоби со сериозни повреда, веднаш се активираше и полицијата. Диало беше првата која е осомничена, но дополнителната истрага покажала дека таа не била виновникот.

Новото открие на полицијата е уште повеќе шокантно. Зад нападот стоел поранешниот француски репрезентативец, Ерик Абидал! Медиумите објавија дека Абидал сега е главен осомничен и се верува дека токму тој го нарачал нападот на игрчката на ПСЖ со која бил во тајна љубовна врска која минатото лето се завршила.

Наводно Хамрауи одлучила да раскине со Абидал минатото лето и тоа на Абидал тешко му паднало. Абидал е обвинет дека организирал напад, дури и учествувал во него. Според информациите полицијата пронашла докази кои покажуваат дека Абидал бил директниот организатор на овој напад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Штутгарт ја одби понудата од 55 милиони евра од Баерн за Волтемаде

Управата на Штутгарт ја отфрли и втората понуда на Баерн Минхен за Ник Волтемаде. Според н…