Дома Фудбал Абидал ја излажал јавноста, црниот дроб го купил на црно

Абидал ја излажал јавноста, црниот дроб го купил на црно

Медиумите во Шпанија и пред три години објавија дека Ерик Абидал при трансплантацијата на црниот дроб истиот го купил на црно, а во тоа му помагал поранешниот прв човек на Барселона Сандро Росел.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тогаш тие излегоа во јавноста и ги демантираа обвинувајќи дека се пишуваа лаги, а Абидал објаснуваше дека црниот дроб му го донирал роднина. Сега „Ел Конфендисијал“ објави дека после најновите анализи се покажало дека донаторот не бил роднина на Абидал, па така тој ја излажал јавноста.

Купувањето на црниот дроб според информациите го договорил Росел кој сега е во затвор поради перење на пари, а ако се докаже овој скандал казната сигурно ќе му биде продолжена.

Ќе потсетиме, Абидал во 2011 година дозна дека боледува од тумор на црниот дроб, а една година подоцна беше опериран и доби нов орган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …