Дома Фудбал Англија Сити со „петарда“ му одговори на Ливерпул, Стерлинг блескаше (ВИДЕО)

Сити со „петарда“ му одговори на Ливерпул, Стерлинг блескаше (ВИДЕО)

Бранителот на трофејот во Премиер лигата, Манчестер Сити денес го одигра својот прв натпревар.

Ливерпул вчера постигна четири гола, а Сити денес еден повеќе. „Граѓани“ денес на гости го совладаа Вест Хем со 0:5..


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


До предност „граѓаните“ стигнаа во 25-тата минута кога Габриел Хесус погоди за 0:1. Тоа беше и резултатот со кој се замина полувреме.

Во вториот дел после шест минути игра Стерлинг после додавањето на Де Брујн излезе „еден на еден“ со Фабијански и ја погоди мрежата за 2:0. Само една минута подоцна Стерлинг постигна нов гол, но тогаш за прв го видовме ВАР во Англија кој реагираше, а судијата Мајк Дин го поништи голот поради офсајд.

Во 69-тата минута Агуеро влезе во игра на местото на Хесус, а во 75-тата Стерлинг го постигна својот втор гол за високи 0:3. Агуеро на 0:4 зголеми од пенал во 84-тата минута. Треба да се спомене дека
Фабијански прво го одбрани ударот на Агуеро, но пеналот беше повторен и Агуеро не промаши повторно.

Конечните 0:5 ги постави Стерлинг во судиското продолжение кој така стигна до хет-трик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ништо од Баерн – Нагелсман потпиша!

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го продолжи договорот…