Дома Фудбал Останато Сити се огласи откако им беше поништена казната за неиграње во Лигата на шампионите

Сити се огласи откако им беше поништена казната за неиграње во Лигата на шампионите

Манчестер сити соопшти дека е задоволен со одлуката на Судот за спортска арбитража во Лозана, што е и нормално.

Одлуката на УЕФА за двегодишната суспензија на „граѓаните“ од европските натпреварувања е поништена.

„Иако Манчестер сити и неговите правни советници треба да ја прегледаат пресудата на ЦАС, сепак клубот ја поздравува одлуката која е донесена“, пишува во соопштението на клубот.

УЕФА ги суспендираше „граѓаните“ на две години од европските натпреварувања и парично ги казни со 30 милиони евра, поради кршење на правилата за финансискиот фер-плеј.

Сепак, Судот во Лозана денес ја поништи одлуката, па „граѓаните“ може да играат во Европа и ќе мора да платат „само“ 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Големи критики за Пике: Тој е второкласен и просечен играч

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и интернационалец на Аргентина (освојувач на Светско…