Дома Трансфер зона Сити сеуште му плаќа на Атлетико за головите на Агуеро!

Сити сеуште му плаќа на Атлетико за головите на Агуеро!

Глобалната акција „Football Leaks“ откри многу унтересни детали од договорите на фудбалските ѕвезди, а меѓу поинтересните е и клаузулата која ја има во договорот помеѓу Агуеро и Манчестер Сити.

Имено, според документите кои ги откри „Football Leaks“, Манчестер Сити сеуште и после пет години му плаќа на Атлетико Мадрид за секој гол што ќе го постигне Агуеро во Премиер лигата.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Според клаузулата во договорот, Манчестер Сити е должен да плаќа 250.000 евра на сметката на Атлетико Мадрид за секои 15 голови кои Агуеро ќе ги постигне во дресот на „граѓаните“.

Тоа значи дека еден премиерлигашки гол на Агуеро ги чини Сити точно 16.666 евра. Ако пресметаме дека Аргентинецот до сега постигна 112 гола, доаѓаме до податок дека кога ќе постигне уште осум гола вкупната сума која Сити ќе му ја исплати на Атлетико е 1,75 евра.

Само во оваа сезона Агуеро постигна 10 гола на 12 натпревари, а потсетуваме дека Аргентинецот е вториот фудбалер после Алан Ширер кој најбрзо постигнал 100 гола во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…