Дома Топ вести Сити му нуди трампа на Милан

Сити му нуди трампа на Милан

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ќе има на располагање 100 милиони фунти за зимската селекција, а позната е и најголемата трансфер желба.

Сити потрошил околу 104 милиони фунти за нови играчи ова лето, а во меѓувреме, клубот заработи околу 250 милиони фунти од продажба на играчи.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Најголема желба на Гвардиола е најдобриот играч од Серија А и ѕвезда на Милан, Рафаел Леао, за кого е спремен да понуди 100 милиони евра.

Милан не сака лесно да се откаже од Португалецот, па поради тоа „граѓаните“ се спремни покрај кеш да го понудат и Јулијан Алварез. Аргентинецот пристигна ова лето на „Етихад“, но не добива голема минутажа.

Милан е заинтересиран за Алварез, па Сити е спремен да го вклучи во договорот за Леао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…