Дома Фудбал Англија Сити е лидер во ПЛ, ама Манчестер е „црвен“! 🎥

Сити е лидер во ПЛ, ама Манчестер е „црвен“! 🎥

Манчестер Јунајтед денес го доби градското дерби против Манчестер Сити на „Етихад“.

„Црвените ѓаволи“ на гости кај Сити славеа победа со 0:2. Натпреварот беше отворен рано, уште во втората минута. Мрежата на „граѓаните“ ја погоди Бруно Фернандеш од пенал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во продолжение од првиот дел Сити нападна и имаше иницијатива, меѓујтоа мрежата на Хендерсон не се тресеше. Вториот дел донесе помирна игра која му одговараше на Јунајтед.

Сити не можеше да дојде до посериозна прилика да постигне гол, доказ за тоа е податокот кој говори дека во цело второ полувреме „граѓаните“ имаа само еден шут во рамките на голот на Јунајтед.

Конечните 0:2 ги постави Лук Шо на стартот од вторите 45 минути.
Со оваа победа Манчестер Јунајтед ја намали разликата со лидерот на табелата, но Сити и понатаму има големи 11 бодови предност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голман застрелан во улична пресметка: Семејството на младиот спортист во очај (Фото)

Голманот на клубот Форвард сонуваше за професионална кариера, но беше брутално убиен во са…