Дома Трансфер зона Сити го објави трансферот на новиот лев бек

Сити го објави трансферот на новиот лев бек

Манчестер Сити и официјално го потврди трансферот на левиот бек Серхио Гомез, кој доаѓа од Андерлехт за 11 милиони фунти.

21-годишниот Шпанец потпиша четиригодишен договор и стана петтото ново засилување на „граѓаните“ ова лето, по Ерлинг Халанд, Калвин Филипс, Стефан Ортега и Хулијан Алварез.

Минатата сезона, Гомез, кој потекнува од академијата на Барселона, забележа 49 настапи во сите натпреварувања за белгискиот тим и го привлече вниманието на Гвардиола.

„Исклучително сум горд и среќен што доаѓам во Манчестер Сити. Ова е најдобриот тим во Англија и имам шанса да учам и да се развивам под водство на најдобриот менаџер на целиот свет, Пеп Гвардиола. Да бидам дел од овој клуб е остварување на сонот за мене“, изјави Гомез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ бара напаѓач, прва мета Влаховиќ

Душан Влаховиќ беше еден од најбараните напаѓачи во Европа и во јануари се пресели во Јуве…