Дома Фудбал Англија Сити го демолира шампионот на „Енфилд“🎥

Сити го демолира шампионот на „Енфилд“🎥

Манчестер Сити конечно успеа да го победи Ливерпул на домашен терен и покажа дека е главен фаворит за титулата оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во првото полувреме Сити беше подобриот тим, а Ливерпул спорадично се закануваше. Во 37-та минута беше досуден пенал за „граѓаните“, но Гундоган не успеа да погоди од белата точка.

Германецот ја поправи грешката на стартот на вториот дел. Фоден помина низ одбраната на Ливерпул и му асистираше на Гундоган, кој не беше чуван од никого и му донесе водство на „граѓаните“.

Неколку минути подоцна беше досусен пенал на спротивната страна, Салах израмни на 1:1 и тоа беше се што направија „црвените“.

Фоден уште еднаш ја измеша одбраната и му асистираше на Гундоган за 2:1. Три минути подоцна Стерлинг зголеми на 3:1, а потоа и Фоден се запиша во листата на стрелци.

Со оваа победа Сити се одлепи на врвот со 5 бода повеќе од Јунајтед, притоа „граѓаните“ имаат и натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Трансфер кој никој не го ни сонувал: Габриел Жезус изненади со изборот на клуб

Бразилскиот напаѓач Габриел Жезус ќе го напушти Арсенал, но ќе остане во Англија. Кариерат…