Дома Фудбал Останато Сите мислеа дека е пред отказ, а Гатузо сега – доби награда!

Сите мислеа дека е пред отказ, а Гатузо сега – доби награда!

Кога Никола Калиниќ го напушти Хајдук, многумина во регионот мислеа дека неговиот избор за тренер Џенаро Гатузо, исто така, наскоро ќе го напушти клубот, но тоа не се случи, а сега Италијанецот е и во многу подобра позиција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Гатузо е избран за тренер на месецот во хрватското првенство.

Гатузо го предводеше Хајдук до првото место на табелата со пет победи, три нерешени и без пораз, исто како и Риека со која Хајдук го дели врвот на табелата. Италијанецот може да се пофали и со победа во најголемото дерби во хрватскиот фудбал, во кое Хајдук го победи Динамо на Максимир со резултат 0:1.

Хајдук во септември го има и најдобриот играч на првенството, поточно Марко Ливаја, за кого ова е втора месечна награда по ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Французите ја растурија Шведска, Мбапе посакува да го испрати Меси во историја (Видео)

Фудбалската репрезентација на Франција лесно го победи Шведска во осминафиналето на Светск…