Дома Трансфер зона Сите детали за враќањето на Јовиќ во Ајнтрахт

Сите детали за враќањето на Јовиќ во Ајнтрахт

Се чека само официјална потврда, но нема ниакакви сомнежи дека Лука Јовиќ ќе се врати во Франкфурт клубот кој го лансираше помеѓу европските ѕвезди ќе се обиде да го врати на вистинскиот пат.

На Реал оваа зделка му одговара затоа што до некаде ќе го ослободи буџетот, а Јовиќ ќе има шанса со поголема минутажа да ја врати старата форма. Сепак, Ајнтрахт поминал многу подобро. Добро известениот „Билд“ тврди дека Германците ќе плаќаат само 20% од платата на Јовиќ додека останатите 80% ќе бидат на терет на Реал.

Во милиони тоа значи дека Реал ќе плаќа осум милиони евра, а Ајнтрахт само два. Треба да се спомене дека платата на Јовиќ е пет милиони евра, меѓутоа со сите доприноси работодавецот плаќа двојно повеќе.

Најважно е што Јовиќ се враќа во Франкфурт каде што ќе биде замена за Бас Дост кој премина во Бриж за околу четири милиони евра. Според последните информации Јовиќ денес треба да пристигне во Франкфурт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Италијанските гиганти се борат за потписот на ѕвездата на Порто

Италијанските гиганти Милан и Јувентус се силно заинтересирани за ѕвездата на Порто, Отави…