Дома Фудбал Синоќа во Серија А поништен голот на сезоната

Синоќа во Серија А поништен голот на сезоната

Каљари синоќа сосема заслужено ја совлада Фиорентина со 2:1 во рамките на 28 коло од италијанската Серија А.

Славеше Каљари со головите на Педро и Капители, но најубав беше оној на Кигарини – кој беше поништен.

Каљари изведе прекин од центарот на теренот и со фантастичен лоб удар го совлада голманот на Фиорентина.

Сепак, неговиот погодок беше поништен бидејќи стануваше збор за индиректен слободен удар. Бидејќи играчот шутираше директно, неговиот погодок не можеше да биде признаен.

„Вистинска штета што погодок беше поништен бидејќи тоа беше фантастичен момент кој долго ќе се памети низ годините. Ваква вештина заслужуваше погодок.“ – истакна тренерот на домашниот тим Маран на прес конференцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ромарио удри по Анчелоти: Бразил не смее да жртвува уште едно Светско!

По поразот од Јапонија со 3:2, Ромарио побара селекторска смена. Анчелоти има договор до м…