Во само една недела спортскиот свет е погоден од две ракометни трагедии, минатиот викенд почина Златко Сарачевиќ една од најголемите ракометни легенди на овие простори, а денес престана да чука срцето на голманот на Порто Алфредо Кинтана.
Синот на Сарачевиќ, 15 годишниот Ноел собра сили да зборува пред медиумите за големата трагедија.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Воопшто не знаев што се случва. Почнав да добивам пораки на сочувство, тогаш отворив интернет да проверам и бев во шок кога дознав дека татко ми починал. Дојде сосема неочекувано, се уште не можам да поверувам дека го нема“.
„Татко ми живееше во Хрватска, а јас во Унгарија. Пред да се случи пандемијата секој одмор го поминував кај него. Кога почнаа мерките и карантините ретко се гледавме, но на секои два-три дена разговаравме на телефон“, изјави Ноел.