Дома Останати Тенис Синер за еден месец може да го симне Ѓоковиќ од врвот: Еве што треба да се случи

Синер за еден месец може да го симне Ѓоковиќ од врвот: Еве што треба да се случи

Без никакви дилеми Јаник Синер е тенисерот со најдобра форма од почетокот на 2024 година.

Синер го освои турнирот во Мајами и со тоа скокна на втората позиција пред Шпанецот Карлос Алкараз кој не е на нивото на кое очекува. Следна цел за Ѓоковиќ ќе биде го симне Новак Ѓоковиќ од врвот што секако нема да биде лесно.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѓоковиќ во овој момент е на пауза и се очекува негов кам-бек за Мастерсот во Рим, меѓутоа дотогаш веќе може и да го изгуби местото на врвот.

Италијанецот ќе има простор да го надмине Ѓоковиќ, затоа што на двата турнири не брани голем број поени. Многу лесно може да се случи помеѓу 24 април и петти мај Синер да биде новиот рекет број еден.

Доколку тоа се случи, Ѓоковиќ ќе има проблем затоа што на Ролан Гарос брани 2.000 поени, па Синер така би добил добра можност периодот од годината на трева да го дочека на врвот. Но, секако дека за тоа му е потребен добар настап на наредните два Мастерс турнири.

Не треба да се заборави и на Алкараз, кој сепак како и Ѓоковиќ и тој брани голем број поени.
Во овој момент Ѓоковиќ на врвот има 9.725 поени, Синер зад него е со о 8.710.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…