Дома Фудбал Синер го откажа настапот во Париз!

Синер го откажа настапот во Париз!

Светскиот тенисер број еден Јаник Синер се повлече од Мастерсот во Париз.

Италијанецот нема да се појави во француската престолнина поради вирус а ќе се обиде да се опорави за завршниот Мастерс во Торино.

Синер сигурно ќе ја заврши годината како најдобар тенисер на планетата, а оваа сезона е убедливо неговата најдобра во кариерата. Успеа да освои седум титули меѓу кои Австралија и УС Опен.

Но, исто така беше во центарот на вниманието поради допинг-аферата која се уште не го добила конечниот расплет по испратените жалби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома сака засилување од Челзи, Мален може да биде клучот за Гитенс

Џејми Гитенс е меѓу јануарските желби на Рома, која разгледува позајмица со можност за отк…