Дома Трансфер зона Симеоне ја завршува реконструкцијата на одбраната: Пристигнува Англичанецот кој импресионираше на Мундијалот!

Симеоне ја завршува реконструкцијата на одбраната: Пристигнува Англичанецот кој импресионираше на Мундијалот!

0

Големо засилување пристигнува во Мадрид, блиску е и стоперот на Еспањол вака би требало да изгледа последната линија на „јорганџиите“.

Медиумите на Островот пренесуваат информација дека фудбалерот на Тотенхем е блиску до трансфер во Атлетико Мадрид.

Екипата отпатува во Сингапур без Киеран Трипие кој ќе биде продаден на Атлетико.

Симеоне ја доби битката за фудбалерот кој минатото лето импресионираше на Мундијалот. За Трипие Атлетико ќе плати 35 милиони евра, го сакаше и Наполи, но тој го избра Атлетико.

Во Атлетико тој ќе го превземе местото на Хуанфран поточно тој и Аријас ќе се борат за позицијата десен бек. Тоа не е се кога во прашања се засилувањата на Атлетико, Марио Ермосо од Еспањол исто така би требало да го засили тимот на Симеоне. Со тоа практично би била завршена реконструкцијата на одбраната. Заминаа Годин, Хуанфран, Луис Фелипе, пристигна Ренан, Лоди, Фелипе од Порто и со Хименез, Савиќ, Трипие и Ермосо би се комплетирала последната линија.

Клубот ги доведе уште Мексиканецот Ерера, Љоренте од Реал и рекордното засилување од Бенфика, Жоао Феликс. Треба да се спомене дека со Атлетико на големо во последно време се поврзува и Хамес Родригез.

Нема сомневање дека Атлетико ќе има и тоа како силен тим во наредната сезона.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Фелипе Кутињо пристигна во Минхен!

Баерн Минхен многу брзо ќе добие големо засилување, откако Фелипе Кутињо денеска пристигна…