Тренерот на Атлетико Мадрид и поранешен аргентински репрезентативец, Диего Симеоне упати тешки критики кон сите одговорни за разочарувачките резултати на Аргентина на Мундијалот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Синоќа после поразот од Хрватска, во јавноста се појави аудио снимка од негов разговор со помошникот Герман Бургос, во кој Симеоне жестоко ги критикува фудбалерите и селекторот.
„Тоа што се случува сега во Аргентина е резултат на ситуацијата во аргентинскиот фудбал во последните ужасни четири години: анархија, недостаток на лидери и кај играчите, тренерите и директорите. Тимот е целосно изгубен, а селекторот цело време експериментира. Некој треба да се бори за овој тим“, вели Симеоне.
Симеоне потоа ги стави под знак прашалник лидерските способности на Лео Меси и даде до знаење дека го претпочита Кристиано Роналдо.
„Меси е многу добар, но тоа е така бидејќи е опкружен со исклучителни фудбалери. Ако треба да бираш меѓу Меси и Роналдо во нормален меч кој ќе го избереш?, се запраша Симеоне.