
Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓
Диего Симеоне даде свој коментар за скандалот со Винисиус Жуниор и обвинувањата за расизам.
Скандалот со Винисиус Жуниор на „Местаља“ предизвика бурни реакции во Шпанија, затоа што на стадионите во Ла Лига често можат да се слушнат расистички навреди.
„Шпанија не е расистичка земја. Јасно е дека се појавуваат овие ситуации кога ќе им дадете поголема видливост. Ние кои сме изложени на тоа, гледаме повеќе, но ова се случува и на улица. За мене не е прашање она што се случува на стадион, туку она на улица и мора да се грижиме за младите луѓе“.
„Јас не оправдувам ништо и ќе се фокусирам на она што се случи во Валенсија. Тоа е многу подлабоко, многу поголемо, ама кога ќе му се случи со Реал Мадрид, тоа е многу поголемо. Тоа се случува со играчите, тренерите, судиите, линиските судии, тоа го знаат сите“, изјави Симеоне.