Дома Фудбал Силна Лига Европа: Роналдо и Јунајтед против Барселона!

Силна Лига Европа: Роналдо и Јунајтед против Барселона!

Oткако беа извлечени паровите за Лигата на Шампионите, попладнево во Нион следуваше и извлекувањето на двојките за 1/16 финалето во Лигата на Европа каде што исто така има силна конкуренција.

Откако третопласираните екипи од Лигата на шампионите се преселија во второто по ранг натпреварување стана јасно дека не очекува никогаш посилна Лига на Европа.

Па така имаме интересни двојки уште во борбата за осминафиналето во кое третопласираните од ЛШ се сретнуваат со второпласираните од групната фаза во ЛЕ.

Барселона – Манчестер Јунајтед

Јувентус – Нант

Спортинг – Мјитиланд

Шахтјор – Рен

Ајакс – Унион Берлин

Леверкузен – Монако

Севиља – ПСВ

Салзбург – Рома

Директен пласман во осминафиналето како победници на групите претходно обезбедија: Арсенал, Фенербахче, Бетис, Ројал Унион Сен Гило, Реал Сосиедад, Феенорд, Фрајбург и Ференцварош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…