Сезоната во Серија А започна, а во неа не очекува и трка за Скудетото, бранителот на титулата Интер според многумина е прв фаворит.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Легендарниот Кларенс Сидорф смета дека миланските гиганти имаат предност пред останатите екипи.
„Очекувам изедначена сезона во Серија А, но мислам дека Милан и Интер имаат нешто повеќе од останатите. Ќе биде Интересно да видиме како Милан ќе се носи со враќањето во Лигата на шампионите“.
Што е со Јувентус?
„Мислам дека се презаситени, премногу победуваа во изминатите години, па не знам дали ја имаат потребната решителност. Да не бидам сфатен погрешно, Јувентус секогаш е тука, но според мене предност имаат тие што се „погладни““, изјави Сидорф.