Дома Фудбал Англија Се уште неизвесен трансферот на Лемар: Арсенал се договори, Монако не го дава

Се уште неизвесен трансферот на Лемар: Арсенал се договори, Монако не го дава

Екипата на Арсенал во следната сезона ќе влезе со нешто поинакво во однос на составот од изминатата сезона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Лондонскиот тим веќе ангажираше двајца фантастични фудбалери, па дресот на „Топчиите“ го облекоа, Сеад Колашинац и Александар Лаказет.

Новиот член на екипата од „Емирати“ наскоро би можел да стане и  Томас Лемар. Ѕвездата на Монако ги договори сите услови со тимот, но францускиот првак не го пушта да замине.

Монако првобитно одби понуда од 30 милиони фунти за Лемар, а иако Арсенал ја зголеми понудата за 10 милиони, повторно наиде на отпор кај „Кнежевите“.

Сепак, се очекува Арсенал наскоро да испрати нова понуда. Венгер е голем фан на играта на фантастичниот фудбалер, па така што, голема е веројатноста да го облече дресот на Арсенал од следната сезона.

Лемар изминатата сезона постигна 14 погодоци и исто толку пати асистираше, а договор со Монако има до 2020. година

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Репрезентативец на Македонија беснеел и искршил врата во Кратово!

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржала седница на која биле разгледани случу…