Со почетокот на наредната година можеме да бидеме сведоци на уште еден голем трансфер во европскиот фудбал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според пишувањата на Кориере дело Спорт, агентот на Погба, Мино Раиола му порачал на Јуве да тргне во акција, па сега е се поизвесно враќање на Французинот во редовите на поранешниот клуб.
Погба не е среќен во Јунајтед и тоа е евидентно, има лош однос со Мурињо, а на гостувањето во Торино на навивачите на Јувентус тихо им дофрли дека сака да се врати.
„Повторно во Јувентус? Никогаш не се знае…Сега сум во Јунајтед.“ – изјави Погба после тој натпревар.
Погба за Јуве играше успешно во периодот од 2012. до 2016. година, а на крајот во трансфер вреден 105 милиони евра се вративо Јунајтед.