Дома Фудбал Останато Се сеќавате на Ројсон Дренте? – Коса денес нема, но конечно постигна гол! (видео)

Се сеќавате на Ројсон Дренте? – Коса денес нема, но конечно постигна гол! (видео)

Некогаш важеше за еден од најталентираните играчи во Европа и светот, но Ројсон Дренте веќе со години игра фудбал во „анонимност“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ројсон Дренте како 20 годишник во 2007 година пристигна во Реал Мадрид од Фејенорд. „Кралевите“ тогаш за неговите услуги платија 14 милиони евра бидејќи важеше за суперталентиран играч за врска, сепак никогаш не ги исполни очекувањата.

Беше испраќан на позајмици во Хераклес и Евертон, но ништо не помогна. После пола година помината без клуб во 2012 година Дренте заврши во руска Аланија, за како слободен играч потоа да се пресели во англиски Ридинг.

Следеше позајмица во Шефилд, а во 2015 и комплетно го напушти Ридинг. Потоа играше за турскиот Ерциспор, па Банијас во Обединетите Арапски Емирати за во 2016 година да остане повторно без клуб, тогаш и направи прекин во својата кариера.

После една година се врати во фудбалот играјќи за холандски Херкес, а ова лето потпуша за Спарта Ротердам.

Дренте така денес игра во втората дивизија во Холандија, а вчера на 31 година го постигна неговиот прв гол во Холандија во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Переc објави видео со Мурињо во дресот на Реал. Специјалниот: Тоа не сум јас, туку вештачка интелигенција

Жозе Мурињо го контактирал раководството на Бенфика, клуб кој го тренира, за да ги убеди д…