Дома Фудбал Останато Се сеќавате на играчот за кој никој не веруваше дека е тинејџер? Еве како изгледа денес 📸

Се сеќавате на играчот за кој никој не веруваше дека е тинејџер? Еве како изгледа денес 📸

Хозе Минала во 2014 година се најде во центарот на вниманието на италијанската јавност.

Тогаш момчето од според официјалните податоци 18 години поради неговиот изглед се сметаше за изманик. Скоро да не постоеше човек кој веруваше дека Минала има само 18 години, а постоеа и сериозни обвинувања дека има дури 41 година.

Меѓутоа подоцна преку прегледите беше докажано дека Минала навистина ги има официјалните години. Неговиот агент на почетокот објаснуваше дека неговиот клиент изгледа постаро поради тешкиот живот, но никој не му веруваше.

View this post on Instagram

Arena ⚽️👊 #puma #PumaOne @official_sslazio #SerieA

A post shared by MJM⚽️🦍 (@minalajosephmarie) on

Кога тестовите докажаа дека со него е апсолутно се во најдобар ред, приказните се повлекоа. Минала тогаш играше за Лацио, таму настапи само на три натпревари и често одеше на позајмици.

Шест години подоцна Камерунецот го носи дресот на Кингдао Хунгхаи. Пред еден месец го прослави својот 24 роденден и верува дека би имал подобра кариера ако не се зборувало за неговите години.

„Имав прилика да потпишам за некои клубови, но тоа не се случи поради се што се пишуваше. Имав понуда од ПСЖ, но трансферот не се случи. Верувам дека би имал поинаква кариера да немаше контроверзии“, убеден е Минала.

Тој во овој момент е на позајмица во кинескиот тим од Лацио. По враќањето веројатно нема да добие нов договор и ќе мора да побара нова средина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Куман казнил четворица играчи, морале да тренираат со Барселона „Б“

Роналд Куман го изгуби своето прво „Ел Класико“ како тренер на Барселона. Реал на „Камп Но…