Дома Фудбал Репрезентации Се редат проблеми за Јунајтед: Пред Ливерпул се повреди Де Геа

Се редат проблеми за Јунајтед: Пред Ливерпул се повреди Де Геа

Давид Де Геа вчера бранеше за Шпанија во натпреварот од квалификациите против Шведска.

Шпанскиот голман бранеше одлично во текот на натпреварот, но мораше да ја напушти играта после 60 минути.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Де Геа не можеше да го продолжи натпреварот кој сигурно беше еден од најдобрите во сезонава. Само благодарение на него Шведска не постигна повеќе од еден гол.

Најспектакуларна одбрана на Де Геа беше онаа во првото полувреме.

Повредата на Де Геа доаѓа во многу лош момент за Манчестер Јунајтед бидејќи „црвените ѓаволи“ во викендот кој следи ги очекува натпревар против Ливерпул кој е во одлична форма.

Според она што се објави во прв момент Де Геа има проблеми со мускулот и се чекаат подетални информации за каракатерот на неговата повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Ми се заврте и морав да легнам на теренот“ – фудбалерот на Челси ја предупреди ФИФА за опасноста на Светското клупско првенство

Челси и ПСЖ се подготвуваат за пресметка во финалето на Светското клупско првенство на ФИФ…