Дома Фудбал Англија Се појави сметка од прославата на Лампард и друштвото: 209 пива, 75 јегери, 65 вотки – 2800 фунти! (ФОТО)

Се појави сметка од прославата на Лампард и друштвото: 209 пива, 75 јегери, 65 вотки – 2800 фунти! (ФОТО)

Дерби Каунти го победи Лидс Јунајтед и се избори за финале во плејофот за влез во Премиер лигата.

Тимот на Лампард бурно ја славеше големата победа која ги однесе на чекор од влез во елитата, а така на клубот би му обезбедил најмалку 100 милиони фунти заработка во наредната сезона.

Лампард и играчите биле снимени во еден паб, а поранешниот играч на Челзи се забавувал со своите играчи цела ноќ. Еден од келнерите на социјалните мрежи објави фотографија од сметката на Лампард за таа вечер која изнесувала 2802.30 фунти.

Тие таа вечер испиле 209 пива, 75 јегери, 65 вотки, 54 чашки Самбус, 38 текили и 29 виски. Интересно на сметката полна со алкохол се најде и една Кока-Кола.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез: Куртоа е најдобриот голман во светот, а Модриќ повторно може да ја освои „Златната топка“

Лука Модриќ доминираше во финалето на шпанскиот Суперкуп во кој неговиот Реал Мадрид го по…