Дома Фудбал Англија Се појави светло на крајот од тунелот за Давид де Геа!

Се појави светло на крајот од тунелот за Давид де Геа!

Давид де Геа е слободен играч околу три месеци по заминувањето од Манчестер Јунајтед, но сега го виде светлото на крајот од тунелот и наскоро би требало да добие нов клуб.

Речиси три месеци по заминувањето од Манчестер Јунајтед, Шпанецот се уште е слободен играч.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Давид де Геа водеше преговори со Севиља, Баерн Минхен, со екипи од Саудиска Арабија, но никаде не потпиша договор.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Реал Бетис е подготвен да му подаде рака на помош на 32-годишниот голман, бидејќи Клаудио Браво е во последната година од договорот.

Очигледно, Давид де Геа е типот на голман кој Мануел Пелегрини го посакува во својот тим. Дополнително, за тимот од Севиља тоа е шанса која не сакаат да ја пропуштат, особено што фудбалерот е слободен играч.

Голманот одигра 545 натпревари за „Црвените ѓаволи“, а беше член на генерацијата која последен пат беше шампион на Англија во 2013 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн го обнови интересот кон Нкунку

Баерн Минхен го обнови интересот кон Кристофер Нкунку од Челси, пренесуваат германските ме…