Во дербито на колото во англиското фудбалско првенство, Манчестер Сити и Арсенал одиграа без голови и тој резултат ги израдува фановите на Ливерпул кои така го задржаа водството на табелата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Манчестер Сити имаше далеку поголем посед на топка, меѓутоа не успеа да создаде посериозни прилики за гол. Халанд сезонава против екипите од топ 5 (Арсенал, Ливерпул, Тотенхем и Астон Вила) одигра шест натпревари и успеа да постигне само еден гол.
Критики за неговата игра испрати Рој Кин тврдејќи дека нивото на игра му е како играч во четвртата лига.
Денес на социјалните мрежи се појави видео снимка од тренинг на Сити на кој Халанд баш и не се покажа во најдобро светло во играта со топка. Во видеото Халанд неколку пати погрешно додаде и лошо реагираше.
„Рој Кин беше во право кога кажа дека Халанд е како играч од четврта лига во секој сегмент освен кога треба да постигне гол“. „Одличен стрелец, лош фудбалер“ „Додава како голман“. „Замисли напаѓач во Премиер лигата кој има 1.90 и нула техника“ „Халанд е доказ зошто најдобриот стрелец во Англија и „Златната топка“ не се исти работи“…гласат само дел од коментарите.
“Messi robbed Haaland, he didn’t deserve the Ballon D’or” pic.twitter.com/g5h8ZebhEq
— Abdul (@AbdulAL97) March 31, 2024