Вчера во собраќајна несреќа во Хрватска животот го загубија двајца млади спортисти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јосип Бепо Кадија управувал со возилото бил 19 годишен ракометар на ППД Загреб. Со него во возилото бил 16 годишниот Јосип Бркјачиќ кој настапува ХНК Примор. Третиот кој бил во возилото Крешмир Шкара (22) успеал да се спаси и се наоѓа во болница во Задар.
„Едниот сам исплива од автомобилот од морето. Му дадоа рака да се качи на стазата. Слушнав дека викаше дека има уште двајца во автомобилот, потоа го одведоа со брза помош. Никој од нас присутните не скокна во морето бидејќи беше многу темно, ништо не се гледаше, автомобилот брзо потона, за 30 секунди најмногу. Ова е голема трагедија, не можев да заспијам до пет часот наутро“, раскажал очевидец на несреќата кој ловел риба во тој момент.
Сега се појави и снимка од хоророт во Задар.