Дома Фудбал Останато Се повторува ли историјата, Касиљас втора опција и во Порто?!

Се повторува ли историјата, Касиљас втора опција и во Порто?!

Дали историјата се повторува?

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Икер Касиљас го изгуби местото помеѓу стативите во Порто. Иако тоа беше случај во вчерашниот натпревар против Лајпциг. На крајот се покажа дека тренерот Консесисао не погоди баш кога шанса доби Жозе Са.

Порто беше поразен со 3:2, а 24 годишниот голман беше главен виновник за првиот гол на Германците.

Токму поради тоа тој се најде на „удар“ од медиумите во оваа земја, но тој ја бранеше својата одлука со тврдењето дека натпреварот го започнал со најдобрите 11.

Да потсетиме, во Реал Мадрид Касиљас го изгуби местото кај Мурињо, но и кога Португалецот си замина, Анчелоти предност му даваше на Диего Лопез, сепак Касиљас бранеше на натпреварите во Лигата на шампионите.

Тоа беше компромис, но веќе наредното лето легендата на Реал го напушти Мадрид и замина во Порто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал го купи Нико Паз од Комо за девет милиони евра, па му го продаде 60

Реал Мадрид донесе очекувана одлука за трансфер на својот млад талент ова лето – Нико Паз …