Дома Фудбал Германија Се повреди Чурлинов, ќе мора на операција

Се повреди Чурлинов, ќе мора на операција

Mакедонскиот фудбалер, Дарко Чурлинов одреден период ќе биде надвор од терените поради повреда која ја заработил на вчерашниот тренинг.

Чурлинов се здобил со скршеница на носот и ќе мора да биде опериран. Операцијата ќе му биде направена задутре, после што ќе следува одреден период на рехабилитација.

Засега не е познато колку точно време ќе биде надвор од теренот, но веројатно ќе паузира неколку недели.

Сезонава Чурлнов собра пет настапи за Штутгарт во Бундеслигата и два во германскиот куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Лапорта ја откри вистинската трансфер „бомба“: Се обидовме се, лично му се јавив

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, откри дека неговиот тим минатото лето се обидел …