Дома Топ вести Се поверојатно е дека УЕФА ќе ја исфрли Барселона од ЛШ

Се поверојатно е дека УЕФА ќе ја исфрли Барселона од ЛШ

Се поголема е веројатноста УЕФА ја да суспендира Барселона од Лигата на шампиони за една сезона поради случајот „Негреира“.

Шпанските медиуми пренесуваат дека УЕФА спрема таква санкција според правилнникот, односно член 50 на организацијата.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Според него УЕФА нема да допушти на одреден клуб да учествува во европските натпреварувања ако се докаже „дејност со која на било кој начин се влијаело на судиите и резуултатите“.

Според правилата, во таков случај клубот се казнува со суспензија од една сезона.

Од УЕФА веќе ја побарале од Шпанската фудбалска репрезентација документацијата за целиот случај и таа веќе пристигнала во Нион уште минатата недела.

Откако шпанското Обвинителство официјално покрена обвинение според кое плаќањата кои ги правела Барселона со Негреира можело да бидат за помош на судиите, УЕФА веднаш реагирала и почнала да го иследува целиот случај.

Барселона е лидер на табелата и е блиску до освојување на шампионската титула, но лесно може да се случи да биде казнета и следната сезона да не игра во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…