Дома Трансфер зона Се очекуваше да биде еден од најважните во проектот на Милан, а сега се сели во Турција?

Се очекуваше да биде еден од најважните во проектот на Милан, а сега се сели во Турција?

„Росонерите“ доведоа голем број засилувања и поголемиот број од нив беа означени како промашувања.

Еден од нив секако е фудбалерот од средината на теренот, Хакан Чалханоглу кој е на чекор од заминување од „Сан Сиро“ после само шест месеци.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Иако минатото лето пристигна како големо засилување од Баер Леверкузен за 22 милиони евра, турскиот репрезнтативец не ги оправда очекувањата.

Фудбалските клубови Фенербахче и Галатасарај покажаа сериозен интерес за неговите услуги и сакаат да го доведат до крајот на сезоната.

Чалханоглу оваа сезона имаше и големи проблеми со повредите поради што и не го покажа својот полн потенцијал.

Тој оваа сезона за „росонерите“ одигра 20 натпревари, постигна два погодоци и запиша шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…