Работата на Унаи Емери виси во воздух и прашање на момент е кога овој шпански тренер ќе добие отказ од ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Парижаните вложија богатство за да направат тим за нешто повеќе во Лигата на шампионите, а сопрени се во четвртфиналето, бидејќи во двата меча, најпрво со 3:1, па со 2:1 славеше Реал Мадрид.
Така што, Емери го разочара раководството на ПСЖ, а тоа се почувствува и по изјавата на сопственикот Насер Ал-Келаифи.
„Под знак прашалник е и работата на тренерот… Но, не е ова место за критикување. Ќе разговараме со играчите. Денес не сакам да реагирам, но разочарани сме и вознемирени. Ќе се смириме, па потоа ќе размислуваме за следните потези“, истакна Ал- Келаифи.
Но, сите насоки водат кон тоа дека во следните 24 часа, Емери ќе стане бивши тренер на ПСЖ, бидејќи со Нејмар, Кавани, Мбапе… не е доволно само да се освои трофеј во домашното првенство.