Дома Фудбал Се огласи Ливерпул: Значајна човечка грешка? Тоа е неприфатливо

Се огласи Ливерпул: Значајна човечка грешка? Тоа е неприфатливо

Судиите Дарен Ингланд и Ден Кук, кои го следеа натпреварот од Премиер лигата меѓу Ливерпул и Тотенхем од ВАР-собата, беа суспендирани за два натпревари оваа недела, откако погрешно поништија гол при поразот на Ливерпул од 2-1 во саботата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За целата ситуација сега се огласи и Ливерпул.

„Фудбалскиот клуб Ливерпул го цени признанието на ПГМОЛ за нивните неуспеси. Јасно е дека има неправилна примена на Законите на играта, што резултираше со повреда на спортскиот интегритет. Целосно ги прифаќаме притисоците под кои работат официјалните лица, но овие притисоци требаше да бидат ублажени, а не влошени од постоењето и примената на ВАР.

Затоа е незадоволително што на судиите не им беше дадено доволно време да овозможат да се донесе правилна одлука и што немаше дополнителна интервенција. Тоа што таквите неуспеси веќе се категоризираат како „значајна човечка грешка“, исто така е неприфатливо. Сите резултати треба да се утврдат само со преглед и со целосна транспарентност. Ќе го истражиме опсегот на достапни опции, со оглед на јасната потреба за решение“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова се случи втор пат некогаш на Светското првенство во фудбал, последен пат на 15 јуни 1958 година

Чуден ден е зад нас на Светското првенство во фудбал. Имавме можност да видиме четири натп…