Дома Топ вести Се огласи и Пујол: Нејмар во Реал? Не гледам никаков проблем во тоа…

Се огласи и Пујол: Нејмар во Реал? Не гледам никаков проблем во тоа…

puyol

Легендарниот фудбалер на Барселона, Карлес Пујол ја прокоментира можноста Нејмар да го облече дресот на Реал Мадрид.

Иако од трансферот на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен не помина ниту една година се повеќе се шпекулира дека Бразилецот би можел да ја напушти Франција и да ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како наредна дестинација на Бразилецот се споменува Реал Мадрид, а за овој евентуален трансфер зборуваше фудбалерот кој остави длабока трага во редовите на Барселона, Карлес Пујол.

„Мислам дека Нејмар би можел да го облече дресот на Реал Мадрид. Не гледам никаков проблем во тоа, тој е професионалец и ништо не е невозможно“, изјави Пујол за „Естадао“.

Пујол исто така додаде дека не е сигурен дали клубот од Париз би го пуштил Нејмар.

„Мислам дека тоа е многу тешко. Тие платија навистина многу за да го доведат и не верувам дека толку лесно би го пуштиле да замине“, изјави Пујол кој од фудбалот се прости во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…