Eкипата на Тотенхем ќе добие засилување од Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Нов фудбалер на Спарсите ќе стане левиот бек Серхио Регулион, одлични 23 годишен фудбалер на тимот од Мадрид.
Регулион минатата сезона играше одлично во Севиља. Сепак, тоа не му беше доволно за Зидан да му даде шансе во Реал и одлучено е да биде продаден.
Манчестер Јунајтед покажуваше голем интерес. Сепак, „црвените ѓаволи“ не сакаа во договорот да вклучат клазула според која Реал би можел да го врати. Тотенхем од друга страна ги прифати условите. Регулион брзо се договори со Спарсите, а Реал од трансферот ќе заработи 30 милиони евра.
Наскоро се очекува трансферот да биде и официјално потврден, а треба да се спомене и дека Тотенхем преговара за враќање на Герет Бејл и може да се случи и Велшанецот до крајот на преодниот рок да заврши во Лондон.