Дома Фудбал Англија Се гледа крајот: Венгер не може да го задржи Санчез, но дефинитивно ја пронајде неговата замена!

Се гледа крајот: Венгер не може да го задржи Санчез, но дефинитивно ја пронајде неговата замена!

Арсен Венгер успеа да го задржи Алексис Санчез изминатото лето, уверувајќи го дека Арсенал ќе се бори за трофеи. Но, Чилеанецот очигледно сам сфати дека ова ќе биде уште една лоша сезона за Арсенал, па во јануари речиси е сигурно дека ќе го напушти клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Каде, се уште не е познато, иако најверојатно „Емирати“ ќе го замени со „Итхад“. Заминувањето на Сачез ќе остави голема дупка во и онака „сиромашниот“ Арсенал и играта, но Венгер веќе е во потрага по неговиот наследник.

И го најде и тоа во најлошата лига. Вилфред Заха е апсолутно најдобриот играч на Кристал Палас во кој неретко игра практично сам, а Венгер за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, е подготвен да плати околу 40 милиони евра.

Заха се повреди во првото коло од ПЛ по што отсуствуваше на шест натпревари, Палас е на последното место во лигата, но откако се врати Заха, тимот славеше против Челзи и освои бод против Вест Хем, па полека почнаа да се будат.

Заха изминатото лето потпиша нов петгодишен договор со клубот, иако е јасно дека нема да го одработи до крај. Санчез пак, има важечки договор до јуни, но Сити е подготвен да плати 30 милиони евра штом се отвори преодниот рок, за Чилеанецот да не им побегне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фабио Капело ја знае причината зошто италијанскиот фудбал толку паднал во светот!

Легендарниот италијански фудбалски директор Адриано Галијани е јасен за причината за падот…