Дома Македонски спорт Се бара кривична пријава за Мојсовски, а МОК бара смена на првиот човек на АМС!

Се бара кривична пријава за Мојсовски, а МОК бара смена на првиот човек на АМС!

Од утрово една од главните теми во македонската спортска јавност е Наумче Мојсовски. Откако по одржаната седница антикорупциска побара кривична пријава за ракометната легенда, се огласи и МОК со писмо до вицепремиерката Славица Грковска.

Во писмото до Грковска се обраќа актуелниот претседател, Даниел Димевски кој бара смена на Мојсовски и стопирање на ваучерите за 2023 година.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Реакцијата на МОК ви ја пренесуваме во целост:

Почитувана Вицепремиерке, почитувана Г-ѓа Грковска,

Почитувајќи ја Вашата позиција првенствено насочена кон добро владеење, транспарентност и отчетност, одбравме да Ви се обратиме на најтранспарентниот начин, со јавно писмо.

Олимпискиот комитет на Северна Македонија е највисока невладина спортска институција согласно Законот за спорт член 17. Согласно својата позиција и одговорност, должни сме да предупредиме дека и покрај општото јавно мнение и незадоволство од начинот на распределба на финансиските средства од страна на АМС во целост поткрепени со наодите на Комисијата за спречување на корупција и дефинитивно потврдено и докажано со заклучоците во Конечниот Извештај на Државниот завод за ревизија каде негативно е оценета работата на АМС по сите точки и основи, раководството на истата во ист и непроменет состав продолжува со истите криминални практики.

Почитувана Г-ѓа Грковска, во изминатиов период во повеќе наврати со задоволство ги слушавме Вашите излагања во кои цврсто и одлучно повикувавте на неселективно доследно применување на принципите на одговорност, отчетност, транспарентност и добро владеење и управување со јавните финансиски средства за сите носители на јавни функции.

Веруваме дека со должно внимание сте го прочитале Конечниот Извештај на Државниот завод за ревизија каде прецизно се констатирани сите незаконски дејанија кои за жал се пракса во работењето на раководството на АМС. Внимавајте, се работи за милионски суми распределени без никаква контрола и механизми.

Дополнително, веруваме дека Ве загрижува фактот што од страна на Агенција за заштита е правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, АМС е рангирана на катастрофално 115 од 120 места како крајно нетранспарентна организација, што само по себе многу кажува!!

Дојде време да покажете на јавна сцена пред сите нас кои работиме и живееме за и во спортот, дали Вашите зборови и заложби имаат суштина или се само празни политички флоскули.

Согласно ова, ја повикуваме Владата и Вас лично како најодговорен функционер за оваа сфера, да го исполните јавно даденото ветување за чесно, одговорно и транспарентно работење на од Вас избраните и поставени функционери и да го разрешите директорот и комисиите поставени од него и да назначите нови, чесни и професионални лица кои доследно ќе го применуваат законот, правилниците и критериумите за доделување на средства на сите спортски субјекти.

Со оглед на тоа што во моментов тече постапката за доделување на ваучери за 2023 година, бараме ИТНО ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА, се до именувањето на новите членови на Централната комисија. Одговорноста за брза и ефективна реакција е Ваша и е исклучиво во Ваши раце и нема простор за префрлање на вината кај нефункционалниот судски систем

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Фјури со тешки обвинувања: Усик победи затоа што Украина е во војна

Олександар Усик е новиот светски шампион во бокс, откако во голема борба го победи Тајсон …